Синоќа во Офицерскиот дом во Битола се одржа моден настан „Креативен ден 2023“ на кој познати личности носеа креации кои ги изработија средношколци кои се школуваат во текстилните насоки на неколку училишта од државата, а меѓу нив беше и СОУ „Никола Карев“ од Струмица претставувано од ученичката Гордана Трајкова, дизајнерката Катерина Хаџи Котарова, наставничката Маргарита Спасов и познатата ликовна уметничка Ана Филев, како модел.
„Се започна со музичката тема од филмот „Мирисот на жената“ во изведба на двете наши ценети уметници, виртуози Оливера Гемту на виолина и Татјана Божиновска на пијано. Ова е втора година по ред како го организираат овој настан СОУ „Таки Даскало“ и целосната идеја и логистика на Продукција „Божиловиќ“. За ова второ издание излеговме од локални рамки и бевме домаќини на 6 тимови од четрири градови: Прилеп, Струмица, Богданци и Штип. Имавме можност да се увериме во потенцијалот на младите кои го поседуваат, водени низ 4-годишниот образовен процес и под менторство на модните дизајнери, модните креатори кои несебично мајсториите од својот занает ги споделуваа со учениците во целиот процес на изработка“, велат од училиштето „Никола Карев“.
Мода, стил, убавина низ Офицерски дом во Битола, убави жени со префинет вкус за мода вклучени во проектот, но и оние кои дојдоа да го проследат настанот.