Струмица и Македонија се на Светското шаховско првенство за млади во Египет кое почнува денеска со четворица шахисти, од кои тројца се струмичани.
Ина Крумова, Јован Вукашиновиќ и Мартин Гоцев, заедно со уште едно другарче од Скопје, Никола Петровски ќе ги бранат боите на Македонија меѓу 60-те држави учеснички и 630-те млади шахисти на возраст од 8, 10 и 12 години.
Стартот на првото коло во сите возрасни групи започна денеска и ќе се игра 11 кола по Швајцарски систем по правилата на ФИДЕ за класичен шах.