Социјалдемократската младина на Македонија – СДММ денеска во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, организира Хуманитарен турнир во мал фудбал на младите од Југоисточниот регион насловен „Млади и солидарни“.
Младите социјалдемократи играа за хумани цели и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.
Учесниците на турнирот ги поздрави нивниот сопартиец, струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, посакувајќи им на младите спортисти добредојде во Струмица и успех на турнирот.
„Убаво е да се спортува, но уште поубаво е кога спортот оди рака под рака со хуманоста и солидарноста“ – им кажа Костадинов на младите социјалдемократи.
На денешниот турнир присуствуваше и генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ кој ги поддржува овие хуманитарни акции на СДММ.