понеделник, 1 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Младите пеачи и инструменталисти на „Стихири“ од Струмица и музичкото училиште „Илија Николовски Луј“ од Скопје ја воодушевија публиката на хуманитарниот концерт во Ново Село

понеделник, 1 април, 2024 | 16:38
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Ново Село, Струмица
Младите пеачи и инструменталисти на „Стихири“ од Струмица и музичкото училиште „Илија Николовски Луј“ од Скопје ја воодушевија публиката на хуманитарниот концерт во Ново Село

Со громогласен стоечки аплауз и овации заврши хуманитарниот настан „Од децата со љубов – Концерт на добрината“, кој кулминираше по завршната маестрална изведба на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје, а на кој виртуозно нѐ воведоа прецизните и воодушевувачки талентирани членови на Вокално инстрименталниот состав „Стихири“ од Струмица.

Домот на културата „Јане Сандански“ во Ново Село беше претесен и преполн. Претесен да ја собере публиката, а преполн со емоција која може да ја разбуди само ритамот на македонскиот мелос, преку чалгиската песна и традиционалното оро. Во публиката присутни беа Митрополитот Европски г. Пимен, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, градоначалниците на Ново Село, Василево и Босилово, советници од општинскиот совет, пратеници.

Нежните детски гласови и звуците на канонот, табурата, кавалот, утот и целиот чалгиски состав преку рефрените на антологиските староградски песни: „Марие млада невесто“, „Бор садила мома Евгенија“, „Дафино вино црвено“, „Твоите очи Лено мори“, силно емотивната „Ој Горушице“, „По друм одам мајче“ изведени од Вокално инструменталниот состав „Стихири“ од Струмица ја отворија вечерта за паметење. Раководителката на составот, професорката Маја Витанова, вели дека интересот кај младите за овој вид музика е огромен.

Средношколците од насоката за традиционална музика и игра од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје приредија еден музичко- сценски времеплов. Преку уверливата костимографија, богатата кореографија, силната вокална и инструментална изведба, но и актерската комуникација, публиката за миг си припомни на македонското минато, традициите и обичаите, песната и орото, гајдата и зурлата, тапанот, и прошета од Мала Река до Скопска Блатија, Банско и Овче поле, до градските игри во Велес – од Којник до Прцорек.

Од Фондација „Елеуса“ велат дека од самиот почеток на своето постоење се дел од животот на жителите на општина Ново Село.

„Ние годишно испраќаме околу 120 хуманитарни пакети за жителите на оваа општина. Секако тука да ги споменеме и индивидуалните форми на помош кои ги даваме во различни ситуации и за различни потреби. Една од нашите главни цели и мисии е хуманоста, но и зачувувањето и негувањето на нашите традиции. Овој хуманитарен концерт ги спојува нив две во едно. Се надеваме дека во следниот период и другите општини кон кои гравитира Фондацијата, а тие се парохиите на Струмичката Православна Епархија ќе може да го видат овој настан кој кај сите предизвика огромна радост и среќа“, рече Наташа Василевска Трајчевска од Фондацијата „Елеуса“.

Фондација „Елеуса“ зад себе има организирано повеќе музички настани, но овој е прв од ваков вид, на приближуавање до руралните средини преку мостот на соработка меѓу ВИС „Стихири“ и учениците од насоката за традиционална музика и оро од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје. Сите средства собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за подготовка на Велигденските хуманитарни пакети за жителите на општина Ново Село.

ФОТОГАЛЕРИЈА „Тивериопол.мк“ >>>

ShareTweetShare
Previous Post

Филипче од Прилеп: И покрај кризите, СДСМ одлучно ги решаваше стратешки прашања за земјата

Next Post

Утре и во среда не патувајте кон Грција – штрајкува царината

Related Posts

Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Струмичанец со 3.47 промили алкохол во крвта управувал патничко возило и предизвикал сообраќајна незгода во центарот на Струмица

недела, 31 август, 2025 | 13:49
„Предложи! Вистинска идеја за вашата општина“ – ВМРО ДПМНЕ со акција за собирање идеи и предлози од струмичани
Вести

„Предложи! Вистинска идеја за вашата општина“ – ВМРО ДПМНЕ со акција за собирање идеи и предлози од струмичани

сабота, 30 август, 2025 | 09:34
СДММ отвори младински клуб на Леблебеџиската улица
Вести

СДММ отвори младински клуб на Леблебеџиската улица

петок, 29 август, 2025 | 23:00
УХМР: Обилни врнежи од дожд над 30 л/м², снег на висина над 1000 метри
Вести

УХМР: Од утре попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

петок, 29 август, 2025 | 19:28
Во манастирот на Светите Петнаесет во Струмица се празнуваше Голема Богородица
Вести

Во манастирот на Светите Петнаесет во Струмица се празнуваше Голема Богородица

четврток, 28 август, 2025 | 17:58
Католичката Катедрала во Струмица „Успение на Пресвета Богородица“ го одбележа својот патронен празник
Вести

Католичката Катедрала во Струмица „Успение на Пресвета Богородица“ го одбележа својот патронен празник

четврток, 28 август, 2025 | 17:27

ТОП ВЕСТИ

Струмичанец со 3.47 промили алкохол во крвта управувал патничко возило и предизвикал сообраќајна незгода во центарот на Струмица
Мртва крава во полураспадната состојба фрлена на патот кон Царевите кули
Македонскиот поет од Струмица Никола Маџиров почестен гостин на меѓународниот фестивал „Денови на поезијата и виното“ во Птуј, Словенија

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
На 15 и 18 август во струмичкиот регион ќе се изврши ларвицидна и терестична дезинсекција

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist