петок, 23 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Младите од општина Струмица повторно добија свое катче – отворен Младински центар

вторник, 31 октомври, 2023 | 16:08
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Младите од општина Струмица повторно добија свое катче – отворен Младински центар

По подолга пауза младите од општина Струмица пак ќе имаат свое катче каде ќе можат да организираат едукативни активности, да ги реализираат своите идеи и иницијативи и да учествуваат во развојот на општина Струмица. Овој пат современ и функционален простор, сместен во подрумските простории на општинската зграда во кој Општина Струмица инвестираше 7.200.000 денари. Адаптиран според креативноста и желбите на младите, современо организиран, со амфитеатар, создаден со идејата дека секој млад човек може да биде креативен во вака уредениот простор.

Членовите на Локалниот Младински Совет ќе го водат овој Младински центар и ќе биде наменет за сите млади кои сакаат да бидат дел од креирањето на младинските политики на општината, центар каде ќе можат своите идеи, предлози, да ги искажат, да ги дебатираат, да доставуваат проекти, но и да му се помага на секој млад човек, здружени заедно, токму од овој нов простор.

„Како што можете да видите ние се наоѓаме во подрумските простории, најниските простории на општинската зграда. Ако се послужиме со симболиката на овој факт некој можеби ќе помисли дека младите се на самото дно, но не е така. Ние младите не размислуваме така, ние рамислуваме поинаку. Ние велиме, тоа е најцврстата платформа, темелот над кој се гради, скалите кои водат до височините, а нашиот стремеж е токму тоа“, кажа Васил Поп-Стојанов, претседател на локалниот Младински Совет на општина Струмица.

Првиот човек на општина Струмица, Костадин Костадинов кажа дека „Струмица центар на младите“, бил еден од петте најважни проекти во неговата предизборна програма, а главен столб во него Младинскиот центар.

„Во интерес на овој центар уште од првиот ден на мојот мандат се откажав од службениот автомобил што ме следуваше и истиот беше продаден, а средствата ги вложивме во преадаптирањето на неискористениот простор во сутеренот на општинската зграда“, кажа градоначалникот Костадинов на свеченото отворање на Младинскиот центар, презентирајќи ги и најважните проекти кои се реализирани во изминативе две години од неговиот избор за градоначалник на општина Струмица.

На свеченото отворање на Младинскиот центар во Струмица покрај многуте гости од политиката, образованието, културата, стопанственици, присуствуваа и поранешните градоначалници на Струмица, Зоран Заев и Коста Јаневски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, советникот за млади и младински политики на премиерот Ковачевски, Ѓорги Тасев и Митрополитот Струмички г. Наум со свештеници од Струмичката Епархија.

Младинските центри како сервис на младите се дефинирани со донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики во јануари 2020-та година. Согласно овој закон сите општини во државата имаат обврска до крајот на 2024-та година да отворат и овозможат функционирање на Младински центар.

ФОТОГАЛЕРИЈА од отворањето на Младинскиот центар >>>

 

 

ShareTweetShare
Previous Post

СДСМ Струмица организира Трибина: „Не чекај, превенирај“

Next Post

Погледнете го филмот „М” на Вардан Тозија вчерва во Центарот за култура „Антон Панов” во Струмица

Related Posts

Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани
Вести

Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани

петок, 23 мај, 2025 | 07:11
Вести

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица вчера со срамна реакција го потврди тоа што го обелоденивме – велат струмичките Социјалдемократи

четврток, 22 мај, 2025 | 14:37
Концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на патронот, во публиката концертот го следеа синот и внукот на Боро Џони
Вести

Концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на патронот, во публиката концертот го следеа синот и внукот на Боро Џони

четврток, 22 мај, 2025 | 09:08
ВМРО-ДПМНЕ Струмица реагира на соопштението на СДСМ за „согласностите“ за вработување во Детските градинки
Вести

ВМРО-ДПМНЕ Струмица реагира на соопштението на СДСМ за „согласностите“ за вработување во Детските градинки

среда, 21 мај, 2025 | 21:38
Приведен крадец во Струмица
Вести

СВР Струмица го расчисти случајот пријавен од Струмичката Епархија – приведен е измамник од Велес кој продавал „благословени предмети“

среда, 21 мај, 2025 | 14:01
Во четврток Промоција на „Разкази од Пирго“ – Монографски приказ на општина Ново Село
Вести

Во четврток Промоција на „Разкази од Пирго“ – Монографски приказ на општина Ново Село

среда, 21 мај, 2025 | 13:41

ТОП ВЕСТИ

19-годишно момче пронајдено мртво во нива кај Струмица
Струмичанецот Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“
Католичката катедрала во Струмица слави 100 години од основањето – промовирана и Монографија

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани
Во четврток Промоција на „Разкази од Пирго“ – Монографски приказ на општина Ново Село
Денеска е Денот на пожарникарите – струмичките пожарникари ќе имаат симулациска вежба во училиштето „Никола Вапцаров“
Во сабота пазарите нема да работат поради празникот
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist