Вчера тим од ученици од угостителско-туристичката струка при СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица учествуваа на Меѓународниот натпревар во готвење „Black Sea Fish Festival“ што се одржува во Констанца, Мамаја, Романија.
Четворица ученици под менторство на професорката Ивана Петров Ѓоргиева на овој натпревар во конкуренција на околу 100 учесници од повеќе земји освоија три златни и еден сребрен медал, дополнителна награда за менторот и големата „Black Sea Fish“ награда за најдобар тим.
Ива Сретеновиќ, Сара Цекова и Михаил Анастасов се закитија со злато, Камелија Ристова со сребрен медал.