Митко и Катерина Дрвошанови се принцот и принцезата избрани доцна вечерва на Маскенбалот во хотелот „Сириус“ во Струмица.
Тие денеска од 18:30 часот, заедно со кралот ќе го предводат карневалското дефиле на интернационалната вечер од „Струмички карневал 2025“ низ улиците на Струмица.