По вторпат Министерството за животна средина со препораки до граѓаните во Струмица заради високата аерозагаденост. Завчера во Струмица беа измерени 185 микрограми на ПМ-0 честички на метар кубен, а вчера 206, што повторно го вклучи алармот кај надлежните.
„Се препорачува работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар со препорака на матичен лекар. Им се препорачува на работодавците да го реорганизираат работното време за лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот“ – велат од Министерството за животна средина.
Препораки поради загаден воздух струмичани имаа пред 20-тина дена, кога Струмица го надмина прагот или имаше два последователни денови високи концентрации на ПМ10 честички.