Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски во рамките на своите активности денеска е во посета на Струмица. Тој имаше средба со штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација – Бања Банско.
„Моментално во него се наоѓаат 38 корисници на услугите кои за овие лица значат испонување на животните потреби. Овие лица ми порачаа дека се против процесот на динституционализациј,а бидејќи досегашната пракса, која веќе постои во Струмица, не ги дала резултатите кои ги очекувале корисниците“, вели министерот Велковски од кој штотениците во Заводот побарале во оваа установа да се врати стариот начинот на финкционирање, зошто за нив тоа е вистинското решение.
Во рамките на посетата на Струмица министерот Велковски имаше работни средби во Центарот за социјални работи – Струмица каде што бил информиран дека веќе се издадени над 70 решенија за прекин на социјалната помош по спојување на дата базата со МВР, а попладнето Велковски имаше средба и со пензионери во Клубот на пензионери што се наоѓа до „Халк Банка“, а од него присутните на средбата побарале достоинствен живот и безгрижна старост со поголеми пензии.