петок, 9 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во посета на Струмица – најави капитални проекти кои ќе се реализираат во наредниот период

понеделник, 10 март, 2025 | 15:21
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во посета на Струмица – најави капитални проекти кои ќе се реализираат во наредниот период

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска беше во работна посета во Струмица, Банско и Водоча, при што најави важни капитални проекти кои Министерството ќе ги реализира во следниот период. По средбите со раководствата и вработените во културните институции и Епископот Стобиски Јаков од Струмичката Епархија, министерот Љутков истакна дека во изминатите месеци е вложен значителен труд во развојот на стратегија за заштита на културното наследство, со цел да се утврдат приоритети за работа низ цела Македонија.

„Денеска со големо задоволство ги најавувам четирите капитални проекти кои ќе започнат годинава во Струмица. Овие проекти не само што ќе ја подобрат инфраструктурата, туку и ќе придонесат за зајакнување на нашето културно наследство и подобрување на животот на граѓаните“ – кажа Љутков.

Станува збор за Конзервација, реставрација и санација на црквата „Свети Кирил и Методиј“. Проект кој ќе биде реализиран во соработка со Завод и Музеј Струмица, и е од исклучителна важност за локалната заедница. За него ќе бидат обезбедени 15 милиони денари, а распишувањето на јавната набавка ќе започне овој месец.

Довршување на Стариот струмички театар – проект кој беше запоставен од претходната влада, сега повторно е во фокусот на Министерството. За целосната реализација на овој објект, се одвоени над 196.000.000 денари.

Проект за кровна конструкција на термалното лекувалиште Бања Банско. Со поддршка од Европската унија, проектот е веќе одобрен, а за него се предвидени над 25.000.000 денари. Во склоп на проектот ќе биде поставен инфо пункт за туристи.

И Конзервација и санација на кровот на манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча. За реализација на проектот, кој е од суштинско значење за историјата на Струмица, ќе бидат одвоени 1.200.000 денари.

Министерот Љутков имаше и работна средба со Драган Маџиров, директорот на Центарот за култура „Антон Панов“ и вработените во оваа национална установа, со актерите во Струмичкиот театар, при што разменија информации за тековните активности и идните програми.

„Очекувам богата културна програма и зголемување на активностите во Струмица, што ќе доведе до значителен напредок во културниот живот на оваа општина“, додаде Љутков.

Со овие проекти, Министерството за култура и туризам верува дека ќе се направат значајни чекори кон развојот на културното наследство и подобрувањето на животот на граѓаните во Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Почина Примариус д-р Никола Николов – пронаоѓач на нова мутација на хемоглобин позната како „Хемоглобин Струмица“

Next Post

Дури седум интервенции имале денеска струмичките пожарникари – гаселе пожари на отворено

Related Posts

Сеќавање: 8 години од смртта на светскиот музичар Зоран Маџиров
Вести

Сеќавање: 8 години од смртта на светскиот музичар Зоран Маџиров

петок, 9 мај, 2025 | 09:02
Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција
Вести

Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција

среда, 7 мај, 2025 | 17:21
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Приведен струмичанец кој со нож се обидел да нападне полициски службенци кои извршувале службени дејствија

среда, 7 мај, 2025 | 14:35
Во Белград беше реализиран проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“ – Никола Маџиров и Петар Андоновски читаа извадоци од своите дела
Вести

Во Белград беше реализиран проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“ – Никола Маџиров и Петар Андоновски читаа извадоци од своите дела

вторник, 6 мај, 2025 | 17:11
ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на градоначалникот Костадинов за новиот ГУП
Вести

Во пресрет на локалните избори Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица ја создава својата програма – најави Петар Јанков

вторник, 6 мај, 2025 | 15:43
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски се сретна со членството во Струмица во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“
Вести

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски се сретна со членството во Струмица во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“

вторник, 6 мај, 2025 | 15:00

ТОП ВЕСТИ

Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција
Анастасија Цамбулева од Струмица е победник на фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас 2025“ во Сушица
Одбојкарите на Струмица ја освоија 12-та шампионска титула, 8-ма во низа

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица
Сите заедно ќе трчаме за Кочани на 25 мај и во Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist