Носителот на листата за пратеници во Изборната единица 4 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Миле Цеков, во рамките на предизборната кампања за Парламентарните избори имаше средби со земјоделци од регионот. Тој им ги презентираше приоритетите од програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, а тоа се:
- Загарантирани минимални откупни цени на земјоделските производи,
- Заштита на домашно производство,
- Приоритетно доделување државно земјиште на локалните фармери,
- Забрана за пренамена на земјоделско земјиште за друга намена.
„Во најголем фокус ќе биде земјоделството и домашните компании. Нашето земјоделие треба да биде заштитено. Наша цел се богати села и силно домашно земјоделие“ – кажа Миле Цеков.

 
 
                                 
 
 
		    




 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								