23-годишниот напаѓач Микеил Ергемлидзе од Грузија потпиша договор на една и пол година со струмичкиот прволигаш ФК „Академија Пандев“. Поранешниот младинскиот репрезентативец на Грузија доаѓа од екипата на Капаз (Азербејџан), а во својата кариера има настапувано и за екипите на Динамо Тбилиси, Адана Демирспор, Сабах и Чикура, објавија од клубот.