24-годишниот Ѓорги Ѓоргиев – Џочето од Струмица синоќа го загуби животот во големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој настапуваше со групата ДНК за време на чиј настап се случи несреќата. Струмичанецот Ѓорги беше талентиран музичар, дел од повеќе групи и музички настани во Струмица и регионот. Беше вистински талент над тапаните и честопати знаеше да направи музички перформанс и изнудуваше аплаузи. Последен пат беше дел од „Концертот под маски“ на музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица. Веста за неговата смрт ја објави брат му Димитар откако претпладнево имаше повик на социјалните мрежи за негово лоцирање по големата хаварија.