Вчера во Спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица се одржа традиционалниот Меѓународен турнир во одбојка за ветерани, кој повеќе од 15 години по ред се организира по повод патрониот празник на градот – „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.
На турнирот годинава учество зедоа четири ветерански екипи од четири земји: домаќинот Струмица, Разлог од Бугарија, Белград од Србија и Солун од Грција. Посебно значајно е учеството на екипата од Разлог, со која одбојкарска Струмица негува повеќедецениска спортска соработка и пријателство.
Во рамки на турнирот беа одиграни вкупно четири натпревари, по кои беше утврден следниот конечен пласман:
1 место – Белград
2 место – Разлог
3 место – Струмица
4 место – Солун
По завршувањето на натпреварите, турнирот продолжи во духот на пријателството и спортското дружење, со заедничка вечера и неформална средба на сите четири ветерански екипи учеснички, со што уште еднаш беше потврдена целта на овој настан – негување на спортските врски, пријателството и меѓународната соработка.




































