Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека активирано е жолто ниво за локална нестабилност во два региони во државата, во Југоисточниот и Пелагонискиот регион. Очекувањата се дека во текот на денот можни се поројни дождови, грмежи и засилен ветер.
Времето утре – недела: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м²).