Синоќа 20 минути по полноќ на крстосницата од ул. „Младинска“, ул. „24-ти Октомври“ и ул. „Братство Единство“ во Струмица, патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.М.(25) од село Градошорци, општина Василево, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.М.(18), констатирани во струмичката болница. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.