Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев денеска имаше работна средба со претседателот и директорот на Конфиндустријата на Италија во Македонија, Рикардо Раиноне и Енрико Раиноне, информираат од општината.
На средбата се разговарало за можностите за унапредување на соработката помеѓу бизнис секторот од општина Босилово и компании од Италија, како и за можностите за инвестирање на италијански компании во општината.