Здружението за граѓанско општество и медиумска писменост „Медија Инфонет“ Струмица на 10, 11 и 12 јуни во Босилово, Радовиш и Богданци ќе одржи Едукативни работилници на тема: „Можности и пристап до ИПАРД програмата – чекори до Европските фондови за земјоделството и рурален развој“.
Станува збор за работилници кои „Медија Инфонет“ ќе ги организира во рамките на проектот „Поврзи го Југоистокот за Европска иднина“, финансиран од ЕУ од проектот „Медиумите за ЕУ“ кој го спроведува Евротинк со партнерство на Алда и Бирц.
Работилниците имаат за цел да ја зголемат информираноста, вклученоста и подготвеноста на граѓаните, земјоделците, малите и средни претпријатија, општинските служби и граѓанскиот сектор за искористување на ИПАРД програмите и европските пристапни фондови, но и да се запознаат со Поглавје 11 од преговорите со ЕУ и значењето на европските земјоделски политики.
Првата од серијата работилници ќе биде во Босилово во вторник, 10-ти јуни во 14:00 часот во Едукативниот центар, втората ќе биде во Радовиш на 11-ти јуни во Центарот на уметноста со почеток во 13:00 часот, додека наредниот ден на 12-ти јуни едукативна работилница ќе има во Богданци во Домот на културата„ Бранд Петрушев“ со почеток во 13:00 часот.
На овие работилници, консултант за ИПАРД програмите ќе ги информира и запознае присутните за можностите и мерките кои ги нуди оваа програма, како да се пристапи преку прaктични чекори, кои се најчестите грешки при аплицирањето, како може општините да помогнат и преку примери и врмежување да се добијат сознанија за успешно користење на европските фондови. Конкретно ќе се добијат информации кои се може да бидат корисници на оваа програма, кои се прифатливи трошоци за ИПАРД програмите, кои документи се потребни при аплицирање кои се најчестите недостатоци на апликациите…
Од Здружението за граѓанско општество и медиумска писменост „Медија Инфонет“ ги повикуваат сите заинтересирани да бидат дел од овие едукативни работилници.
Босилово: 10.06.2025 – Едукативен центар | 14:00 часот
Радовиш: 11.06.2025 – Центар на уметноста | 13:00 часот
Богданци: 12.06.2025 – Дом на култура „Бранд Петрушев“ | 13:00 часот
Паралелно во проектот ќе бидат вклучени и медиумски работници кои со изработка на мултимедијални содржини ќе треба да ја доближат ИПАРД програмата на ЕУ до крајните корисници во Југоистокот. Со нивните продукти ќе се детектираат проблемите, пречките, предизвиците, бенефитите од европските средства за развој на македонскиот агро и руален сектор. На тој начин се очекува да се актуелизира и подигне на повисоко ниво прашањето за користење на овие фондови што ги доделува ЕУ.
Б.Терзиев