недела, 2 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

„Медија Инфонет“ одржа едукативна работилница за ИПАРД програмата и во Богданци – присутните се интересираа за постапките како да аплицираат

четврток, 12 јуни, 2025 | 17:08
in Вести, Струмица
„Медија Инфонет“ одржа едукативна работилница за ИПАРД програмата и во Богданци – присутните се интересираа за постапките како да аплицираат

Здружението „Медија Инфонет“ од Струмица во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци ја одржа и третата едукативна работилница наменета за ИПАРД програмата од која корист може да имаат земјоделците, но и малите и средни претпријатија кои сакаат да го прошират својот бизнис. И во Богданци беше претставена програмата со сите нејзини чекори во однос на аплицирањето и бенефитите кои ги носи оваа програма која тежи приближно 100 милиони евра за периодот од 2022 до 2027 година. Едукативната работилница се реализираше во рамките на проектот „Поврзи го Југоистокот за Европска иднина“ што „Медија Инфонет“ го импелементира преку Евротинк Алда и Бирц кои го спроведуваат проектот „Медиумите за ЕУ“ финансиран од ЕУ.

На трибината присуствуваше и градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов кој го поздрави чекорот на „Медија Инфонет“ да се организира ваков настан на кој од прва рака може да се добијат информации за и околу можноста да се користат овие средства. Со оглед дека микро регионот во Богданци, Гевгелија и Дојран е земјоделски, секоја иницијатива да се прошират капацитети од агрокомплесот е за поздравување, а впрочем тоа го нуди и ИПАРД програмата.

„Сметам дека треба конутинирано да се едуцираме за оваа програма доколку сериозно сакаме да се занимаваме и инвестираме во агросекторот. Производството на храна од година во година добива на цена, а ние како регион имаме потенцијал. Ова нека биде можност и мал исчекор во запознавање на Ипардот и европските фондови кои ни стојат на располагање“ – кажа градоначалникот на општина Богданци, Блaже Шапов.

На присутните им се обрати консултантот Тихомир Петрески кој ја објасни ИПАРД програмата на ЕУ. Конкретно се задржа на неколку точки во однос на тоа како може да се аплицира, за што конкретно, како тече постапката, кои трошоци се прифатливи, односно сите можни чекори до Европските фондови за земјоделство и рурален развој. Тој подвлече дека програмата нуди огромни средства кои може да се слеат во македонскиот аграр и реален сектор, но се потребни издржани проекти кои даваат можност за одржливо производство.

„Постапката не е лесна, но тоа не значи дека треба да се откажаме. Потребна е само визија, упорност доколку сакаме да го прошириме производството. Во земјава има доста консултанти кои може да помогнат и при изработка на бизнис идеја и за помош во целиот процес на аплицирање. Треба добар издржан бизнис план за одржливо и модернизирано производство. ЕУ дел од парите ги враќа што нуди можност за реинвестирање во своите капацитети“, кажа Петрески.

Земјоделците и претставници од фирмите кои беа присутни на работилницата во Богданци, признаа дека многу малку стасуваат информации до нив за ИПАРД програмата. Побараа државните институции почесто да ги презентираат повиците, постапките, но и да помагаат во целиот тој процес. Конкретно го посочија МЗШВ, АФПЗР, Агенцијата за поддршка на земјоделството.

Едукативна работилница во Богданци, Здружението „Медија Инфонет“ од Струмица ја организираше  во рамките на проектот „Поврзи го Југоистокот за Европска иднина“ финансиран од ЕУ преку Евротинк, Алда и Бирц во земјава, од проектот „Медиумите за ЕУ“. Целта на проектот е да се „приближи“ ЕУ до граѓаните во Југоистокот преку ИПАРД фондовите, но и заедничките земјоделски политики.

К.Ѓоргиев

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание

Next Post

ФОТО: Гори депонијата кај Добрашинци

Related Posts

Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Василево

АМСМ: Во прекин патниот правец Струмица – Радовиш

сабота, 1 ноември, 2025 | 17:28
39-годишен струмичанец украл пари од продажен објект, полицијата го пронајде дома и го привела во Полициска станица
Вести

22-годишно момче физички ја нападнал својата мајка и оштетил покуќнина

сабота, 1 ноември, 2025 | 16:48
„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица
Вести

„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица

петок, 31 октомври, 2025 | 13:43
Пред струмичани претставена „Приказната на пејзажите“ од ликовниот уметник Панче Ѓорѓиев
Вести

Пред струмичани претставена „Приказната на пејзажите“ од ликовниот уметник Панче Ѓорѓиев

петок, 31 октомври, 2025 | 10:34
Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Вести

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност

среда, 29 октомври, 2025 | 16:55
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Вести

Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател

среда, 29 октомври, 2025 | 15:07

ТОП ВЕСТИ

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist