Медиумските работници, членови на Здружението на новинари на Македонија и на Сојузот на синдикати на новинари на Македонија, утре (петок, 17 февруари), ќе одржат Протестен марш од Владата до Собранието, на кој заеднички и сплотено ќе го изразат своето незадоволство од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, снимателите и медиумските работници, лошата социо-економска состојба.
Петок, 17.02.2023, со почеток во 10:30 часот пред Влада…
Рута на движење: Од Влада до Собрание…