Да се засилат контролите од страна на МВР за да не може да се узурпираат тротоарите од страна на градежните компнании кои изведуваат градежни работи во населбата Карпош, а една пешачка патека постојано да биде слободна за движење на пешаците, посебно на учениците и ќе зачестат и контролите од општинските инспекциски служби, а ЈПКД „Комуналец“ да учествува во расчистувањето на сметот во оваа населба – ова е договорено на денешната седница на Локалниот Совет за превенција при општина Струмица по голем број реакции во изминатите месеци од страна на граѓани.