Министерството за внатрешни работи информира дека Отсекот за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР почнаа да работат согласно ново работно време. Одделението за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 7:30 часот до 19:30 часот.
И Отсекот за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток во 8:00 часот, до 18:00 часот, а истото работно време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите Подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар, ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод, ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово, ОУР Велес за Неготино, ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка, ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 8:00 до 16:00 часот.