Вчера околу 14:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14:00 часот на регионален пат Р1401 Струмица – Валандово, товарно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово, стои во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи.