СВР Струмица информира дека синоќа во 19:55 часот во Полициска станица, Н.Б.(36) од Струмица пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 16-годишна ќерка. Според пријавеното, таа се сомнева дека е заедно со Д.Ѓ. од Струмица, со кого била во љубовна врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.