Маслото за јадење „БИСЕР“ и струмичката фирма „Острог Луна“ се претставуваат на најголемиот Саем за храна во Југоисточна Европа – „Food Expo“, кој од денеска до 10 март се одржува во Атина, Грција.
Овој значаен настан секоја година привлекува над 35.000 посетители и 1300 учесници, создавајќи одлична можност за претставување на квалитетни производи пред глобалниот пазар.
Како бренд посветен на традицијата и врвниот квалитет, Острог Луна – Бисер ја претставува Струмица и Македонија со своите автентични вкусови. Учество на овој реномиран саем е потврда за нивната посветеност кон развојот и интернационализацијата на своите производи.
На Саемот во Атина сите љубители на квалитетната храна ќе имаат можност да ги запознаат производите на компанијата на нивниот штанд.