СВР Струмица поднесе кривична пријава против малолетник од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Според денешното соопштение на МВР, пријавениот, во текот на месец март оваа година, на место викано „Чамчифлик“, извршил обљуба врз малолетничка која претходно преку социјална мрежа ја повикал на средба, информираат од МВР.