Од денеска до 11 мај во Милано, Италија се одржува Саем за храна „TUTTOFOOD 2023“. Меѓу излагачите се претставува и струмичката компанија, Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ со познатиот македонски бренд во прехранбената индустрија, маслото за јадење „Бисер“.
На Саемот „TUTTOFOOD 2023“ во наредните четири дена ќе се претстават над 2500 бредови од 46 држави, меѓу кои и од Македонија.
„АЛ-МАКС“ е основана во Струмица во 1997 година, а изградбата на рафинеријата за производство на масло за јадење е завршена кон крајот на 1998 година. Сместена е на површина од 25.000 м², а нејзиниот бренд „Бисер“, освен во Македонија се пласира и во многу земји од регионот и пошироко.