Маестрални како и секој настап во живо, и синоќа во Центарот за култура во Струмица еден од најпознатите естрадни парови во Македонија, Ленче и Горан Кукиќ со својот бенд „Јупитер“, имаа концерт кој веруваме уште долго време ќе се памети и ќе се прераскажува.
На овој концерт на кој се чуствуваше, позитивната енергија, радост и забава публиката два часа уживаше во песните и одличниот репертоар.
Публиката освен со главните ѕвезди, уживаше и во настапите на нивните гости, маестро Горан Алачки и Марко Жигмановиќ од Србија, а тука беше и нивниот син, младиот виртуоз на бас гитара, кој неодамна ја почна и соло кариерата со „Croatia Records“, Иван Кукиќ.
Ленче и Горан најавуваат и други концерти низ Македонија, а веќе на 6-ти март со свој концерт и во Гевгелија.