Денеска се одржа првата официјална седница на Локалниот совет за женско претприемништво. Членовите на Советот беа избрани преку Јавен повик што го распиша Општина Струмица, а се формираше во месец март годинава, објавија на Фејсбук од општината.
На седницата присуствувал и градоначалникот Костадин Костадинов како поддршка во функционирањето на Локалниот совет и севкупно на женското претприемништво, неговото унапредување и придонес во економскиот развој на Струмица.
Целта на Локалниот совет за женско претприемништво е поттикнување на претприемачкиот дух преку промоција на добри практики, креирање програми и можности за финансиска, советодавна и менторска поддршка и промоција на пазарот.