сабота, 16 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Лидерот на СДСМ Венко Филипче од Струмица: Без силни жени немаме силна иднина

сабота, 8 март, 2025 | 16:50
in Вести, Струмица
Лидерот на СДСМ Венко Филипче од Струмица: Без силни жени немаме силна иднина

Венко Филипче

Без силни жени немаме силна иднина, тие се движечката сила на нашето општество, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на Осмомартовскиот марш во Струмица по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Маршот е во организација е Форумот на жени на СДСМ под слоганот „Исправени заедно за еднаквост, правда и мир“.

„Десет години маршираме рамноправни едни до други. На денешниот Меѓународен ден на жената, најважно е да кажеме гласно за што делуваме во останатите 365 дена во годината. СДСМ се залага за еднаквост, за правда, за мир. СДСМ се залага за општество во кое секој има еднаква шанса.Од тука, од Струмица, порачувам дека без силни жени немаме силна иднина, вие сте движечката сила на општеството. А столб на социјалдемократијата е прогресот и иднината. Социјалдемократите секогаш гледаат напред. Столб на Социјалдемократијата се и еднаквоста,и правдата. Денеска маршираме за овие столбови. Маршираме за да кажеме НЕ на нееднаквоста, НЕ на дискриминацијата, НЕ на насилството“ – кажа Филипче.

Во своето обраќање Филипче посочи дека СДСМ останува посветен на борбата за еднакви права, правда и мир, за јакнење на жените сите позиции во општеството.

„Свесни сме дека ова не е доволно и ја продолжуваме борбата. Нам ни треба општество во кое жените се јакнат на сите позиции, без затворени врати. Нам ни треба општество во кое солидарноста ќе ни биде прва асоцијација за жените. Ќе продолжиме да се бориме додека ваквите заложби не ни станат реалноста. СДСМ останува посветен на борбата за еднакви права, правда и мир“ – порача Филипче, потенцирајќи дека борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество кое зависи од сите нас.

Тој нагласи дека токму денешниот марш е за да се каже не на дискриминацијата и нееднакоста, да се испрати порака дека борбата за рамноправност продолжува.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Даниела Колева, истакна дека жените се движечка сила и оти денес поставуваат нови цели и прават чекор напред.

„Посветени сме на борбата за уште поголема политичка и економска застапеност. Нашата мисија не е само да бараме рамноправност, туку и активно да работиме на создавање услови за жените да водат, да раководат и да бидат одлучувачки фактори во донесувањето на важни одлуки кои се однесуваат на нашиот живот и иднина.Ова е денот кога ја славиме нашата храброст, нашиот напор и истрајност, и нашите достигнувања. Но, ова е ден кога поставуваме нови цели и правиме чекор напред“ – кажа Колева.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Шумски пожар на Огражден, над Иловица, пожарникарите на терен

Next Post

Маслото за јадење „БИСЕР“ се претставува на најголемиот Саем за храна во Југоисточна Европа – „Food Expo“ во Атина

Related Posts

СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?
Вести

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Прво решете си го статусот на кандидат за градоначалник, па после тоа ќе се соочиме кој и колку има дадено и направено за општина Струмица

петок, 15 август, 2025 | 14:27
ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Што ново ќе понуди Даскаловски пред струмичани, кога за 2 децении има еден куп лажни ветувања
Вести

ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Што ново ќе понуди Даскаловски пред струмичани, кога за 2 децении има еден куп лажни ветувања

петок, 15 август, 2025 | 12:16
Вести

Полицијата го најде исчезнатиот струмичанец, кого го немаше речиси два дена

петок, 15 август, 2025 | 11:56
Исчезнат е 39-годишен струмичанец – Роберт Дрвошанов
Вести

Исчезнат е 39-годишен струмичанец – Роберт Дрвошанов

четврток, 14 август, 2025 | 14:39
Накратко со Александар Илиев од ЗНАМ за претстојните Локални избори и нивното учество
Вести

Накратко со Александар Илиев од ЗНАМ за претстојните Локални избори и нивното учество

среда, 13 август, 2025 | 19:33
Одбележана 74-та годишнина од убиството на 5-те струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов
Вести

Одбележана 74-та годишнина од убиството на 5-те струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов

среда, 13 август, 2025 | 15:10

ТОП ВЕСТИ

Првата концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ посветена на трагично загинатиот музичар Џоко Ѓоргиев
Пожар во Штука – гореше кровна конструкција од куќа и штала
Повредени тројца млади луѓе на возраст од 12, 15 и 19 години кои со мотори направиле сообраќајка на „Ленинова“

ВЕБ БИЛБОРД

Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови
Првата концертна вечер на „Струмица ОПЕН фестивал 2025“ во чест на Џоко Ѓоргиев
Струмица ќе ги чествува двата Илиндена
Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist