Иако беше најавено дека домаќинствата во населеното место Куклиш ќе бидат без вода за пиење во изминатите два дена, поради сериозен дефект на водоводната мрежа, од ЈПКД „Комуналец“ Струмица денеска со нова најава дека водоснабдувањето ќе биде прекинато и во наредните пет ден, а причината е промена на главната пумпа со нова.
„Ги известуваме жителите на Куклиш дека поради промена на главната пумпа со нова пумпа која го врши водоснабдување ќе останат без вода во нарените 5 дена“, соопштуваат од комуналното претпријатие.