Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Б.И.(42) од село Василево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 02.03.2023 година во близина на село Костурино, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Опел Зафира“, управувано од пријавениот, при што пронашле осум лица мигранти, од кои седум од Сирија и еден од Тунис.