Од СВР Струмица информираат дека денеска е поднесена кривична пријава против Т.М. (37) од селото Баница, која вечерта на 13 јуни физички нападнал такси возач, а при неговото приведување истата вечер нападнал и полицаец.
„СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М.(37) од село Баница, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 13.06.2023 година околу 22:30 часот во село Баница, пријавениот физички нападнал такси возач со кој се превезувал и му го одзел мобилниот телефон, по што на 14.06.2023 година околу 00:30 часот, физички нападнал полициски службеник кој го забележал и се обидел да го легитимира“, стои во денешното соопштение од струмичката полиција.