„Не чувствувам должност како градоначалник, а посебно како човек да се оградувам од ставовите од Црквата, бидејќи Црквата има право на свој став. Дали јас се согласувам или не, тоа е мое право, но да бидам обвинет што сум бил присутен, сметам дека не е добро“, е одговорот на градоначалникот Костадин Костадинов на повикот на Платформата за родова еднаквост, тој да се огради од изнесените ставови на Владиката Јаков изнесени на трибината во Струмица.