Во организација на Фондацијата „Елеуса“ на 31 март (недела) со почеток во 17:00 часот во Домот на културата „Јане Сандански“ во Ново Село ќе се одржи Хуманитарниот настан насловен „Децата со љубов – Концерт на добрината“, на кој свои изведби ќе имаат Вокално инструменталниот состав „СТИХИРИ“ од Струмица и ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј” од Скопје.