Два полуподземни контејнери во Струмица се целосно оштетени и ќе бидат надвор од функција откако непознат сторител или сторители подметнале пожар во нив. Информираат денеска од ЈПКД „Комуналец“ Струмица
Вкупно шест контејнери на различни локации биле мета на опожарување. Кај два два е оштетена внатрешната платнена церада каде се собира отпадот и одговорните од струмички „Комуналец“ се принудени целосно да ги затворат.
Станува збор за полуподземните контејнери кои се наѓаат на крстосницата на „Младинска“ со „Ценка Павлова“ каде има два, два се опожарени на крстосницата „Братство Единство“ со „Браќа Миладинови“ и по еден на улиците „Ѓорги Василев“ и „Панче Пешев“.
Лани во Струмица беа поставени 20 полуподземни контејнери чииј капацитет изнесува 5 кубни метри. Поставени се на локации со повеќе колективни станбени единици. За нивна набавка, општината потроши околу 158.000 евра, а обезбеди и специјално возило за подигање на сметот од овие контејнери.