ЈПКД „Комуналец“ од Струмица вечерва организираше Ифтарска вечера за своите вработени од муслиманска вероисповед во кругот на комуналното претпријатие во чест на Светиот месец Рамазан.
На вечерата присуствуваа и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов со своите соработници и претседателот на Советот на општината, Марјан Даскаловски.
Директорот на „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев ги поздрави вработените им посака на здравје постот и во радост и мир да го дочекаат големиот празник Рамазан Бајрам.
Во своето обраќање до вработените, градоначалникот Костадин Костадинов кажа дека во нашата традиција храната е повеќе од оброк и таа е дел од нашиот идентитет, храната е добронамерност, споделување, отворен разговор, заедништво.
„Ифтарската вечера е потсетник на ваквите, вистински важни работи во животот. Со добар оброк, со убав муабет, со пријатели и побогати како личности и посреќни. Јас како иницијатор заедно со струмичкото јавно комунално претпријатие вечерва покажавме како ние се грижиме за вработените кои ја прават Струмица поубава, почиста“, кажа Костадинов.
Годинава Рамазанскиот пост се поклопи со Велигденскиот на кои се пости различно.