ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известуваат граѓаните дека подигањето на новите канти за пластика и лименки ќе се врши секоја среда. Кантите да се чуват во дворовите, а тимови на комуналното претпријатие ќе ги подигаат од дворовите, и испразнети ќе бидат вратени на истото место.
Од „Комуналец“ напоменуваат дека во овие канти смее да има само ПЕТ пластика и лименки. „Со Вашиот одговорен однос допринесувате за намалување на отпадот и почиста поурбана животна средина“, стои во соопштението на „Комуналец“ Струмица.