Екипа од Одделението „Водовод и Канализација“ при ЈПКД „Комуналец“ Струмица започнува со чистење на каналот на река Тркања, од Прочистителната станица Сачево до спој со канал од „Крушевска Република“ и каналот од мостот на улица „Климент Охридски“ до спој со реката Тркања, информираат од струмичкото комунално претпријатие.
Целата должина на овој потег е околу 3 километри, а со неговото чистење ќе се овозможи поголем проток на водата што се влева во каналот на „Крушевска Република“, со што се спречува поплавување на долниот дел од градот. По чистењето на овој потег ќе се изврши и целосно отстранување на песокот и земјата со машина од каналот на „Крушевска Република“.