Од овој викенд, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од Струмица започнува голема есенска акција за рачно и машинско чистење и перење на улиците низ градот. Активностите ќе се спроведуваат на повеќе главни и фреквентни сообраќајници со цел да се подобри хигиената и изгледот на градот пред почетокот на зимскиот период.
Во првата фаза ќе бидат опфатени булеварите „Маршал Тито“, „Ленинова“ и „Гоце Делчев“, како и улиците „Балканска“, „Сандо Масев“ и „Невена Стојкова“.
Од комуналното претпријатие информираат дека акцијата ќе се реализира во недела, на 9 ноември, во периодот од 05:00 до 14:00 часот, и апелираат до граѓаните кои живеат на наведените улици навреме да ги отстранат своите паркирани возила за да се овозможи непречено работење на механизацијата и ефикасно извршување на активностите.
Со оваа акција, ЈПКД „Комуналец“ – Струмица продолжува со редовните сезонски активности за одржување на чиста и уредна животна средина, повикувајќи на соработка и општествена одговорност од сите граѓани.




























