Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека е поставена нова пумпа за вода во бунарот над населеното место Раборци со моќност од 1.5kW и можност на испумпување 2.5 литри вода во секунда со која ќе се овозможи поголемо количество на вода во резервоарот кој служи за водоснабдување на населеното место Раборци.
„Со оваа техничко решение се намалува недостатокот на вода кој се случува во текот на летните месеци во бунарите кои го снабдуваат овој систем. Затоа препорачуваме на совесно и одговорно користење на водата во оваа населено место“ – соопштија од „Комуналец“.