Вчера по 16:30 часот на регионалниот пат Струмица – Берово, на место викано „Коцева чешма“, Ј.Ц.(20) од село Владимирово, беровско, управувајќи комбајн без регистарски ознаки, изгубил контрола над комбајнот и се превртел надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ц., констатирани во струмичката болница. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.