Во пресрет на новогодишните празници, струмичката публика ќе има можност да ужива во новогодишната детска претстава „Колачињата за Дедо Мраз“, која на топол и разигран начин пренесува важни животни вредности – добрината, споделувањето и пријателството.
Преку веселата и поучна приказна за колачињата, најмладите ќе научат дека кога делиме, срцата стануваат поголеми, кога помагаме – светот е поубав, а кога веруваме во доброто – магијата навистина постои.
Во претставата учествуваат децата од драмската школа при Балетското студио „Реверанс“, како и средношколци од СОУ „Јане Сандански“ и СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица.
Премиерата на претставата ќе се одржи на 28 декември 2025 година (недела), со почеток во 12:00 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“.
Резервации на билети може да се направат на телефонскиот број: 078 202 140, а билетите се продаваат и на билетарата во Центарот за култура „Антон Панов“, секој работен ден од 13:00 до 20:00 часот.
Организаторите ги повикуваат сите деца и родители да бидат дел од оваа празнична приказна и заедно да создадат спомени, насмевки и новогодишна магија што долго ќе се памети.




























