Синоќа во 21:25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица лишиле од слобода 23-годишно момче од Струмица. При преглед на патничко возило „Фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против момчето ќе биде поднесена соодветна пријава.