Вчера во 17:20 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Г.(43) од Струмица. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, каде била пронајдена дигитална вага со остатоци од прашкаста материја, а при претрес на лицето биле пронајдени пет најлонски пакувања со кафена прашкаста материја, пет најлонски пакувања со грутчеста материја и пари, информираат од струмичката полиција.
В.Г. е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.