Синоќа околу 20:00 часот на улицата „Климент Охридски“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ј.М.(45) од Струмица. При преглед кај него биле пронајдени две најлонски пакувања со кафеава прашкаста материја и едно шише со течност, информираат од струмичката полиција.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.