СВР Струмица информира дека вчера полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода две момчиња на возраст од 20 и 26 години од Мокрино и Колешино, бидејќи при преглед на патничко возило „Опел“ со струмички регистарски ознаки во кое тие биле е пронајдена марихуана.
Момчињата биле задржани во Полициска станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство во Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.