„Авалон Продукција“ во рамките на проектот „Први март”, го најавува концертот на Каролина во Струмица, на 17 мај во Центарот за култура „Антон Панов“.
После распродадените концерти во Скопје, Гевгелија, Крива Паланка, Куманово, Охрид и Велес, Каролина доаѓа во Струмица на 17 мај со својата „Greatest Hits“ програма и најубави песни, во интимниот амбиент на Центарот за култура „Антон Панов“.
Влезниците се веќе во продажба онлајн на ticketx.mk, продажната мрежа на ticketx низ Македонија и билетарницата на Центарот за култура по цена од 1.000 денари.
ВАЖНО: Ќе се одржи само еден ексклузивен концерт.