Кандидатите за пратеници, членови на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица вчера и денеска беа во посета на Здружението за глуви и наглуви лица и Здружението на слепи лица во Струмица, како дел од предизборните активности во рамките на Претседателските и Парламентарните избори.
Како што информираат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на средбите се разговарало за можностите за подобрување на стандардите за живот на лицата членови на здруженијата, нивната општествена интеграција.
„ВМРО-ДПМНЕ насекаде наидува на добар прием помеѓу сограѓаните, ги разгледува проблемите и нуди решенија“, велат од Општинскиот комитет.
Вечерва од 20:30 часот, во селото Банско кај „автобуската“, ВМРО-ДПМНЕ организира средба со жителите на оваа населено место на која ќе се обратат кандидатите за пратеници Жан Дрвошанов, Ели Панова и д-р Јадранка Поцкова.