ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во струмичките општини Ново Село, Босилово и Василево.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски присуствуваше на увид во градежни активности на асфалтирање на улица во селото Борисово, општина Ново Село. Тој имаше средба со младите од овој регион кој е најголем по бројот на иселени млади.
Мицкоски направи и увид на изградба на одводен канал во општина Босилово, проект финансиран преку ИПА, а се сретна и со земјоделци во селото Радово.
Попладнево Мицкоски беше и во Нова Маала, општина Василево каде присуствуваше на пуштање во употреба на изградено плато пред Домот на културата, а се обрати и на жителите во оваа населено место.